logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Оглас за екскурзии

Врз основа на член 42 од Законот за основно образование ( Сл.весник на РСМ 161/19, 229/20) и Правилникот за начинот на изведување на ексурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта бр. 12-13487/1 од 19.11.2019 г., и Програмата за изведување на ексурзии, излети и други вонучилишни активности за учениците за учебната 2023/2024 год. на ООУ,,Пере Тошев“- Росоман, Комисијата за прибирање на понуди објавува

О Г Л А С

за прибирање понуди за изведување на ученички екскурзии, излети и
други вонучилишни активности на учениците за учебната 2023/2024 г.

1. Еднодневен излет: Росоман- Стоби- Неготино- Демир Капија – Росоман ( ученици од 1, 2, 4 и 5 одд.)
2. Еднодневен излет: Росоман – Моклиште – Росома (ученици од 7 и 8 одд.)
3. Еднодневна екскурзија: Росоман – Битола – Росоман (за учениците од III одделение)
4. Дводневна екскурзија: Росоман – Струмица – Дојран – Росоман, (за учениците од VI одделение)
5. Дводневна екскурзија: Росоман – Скопје – Дебар – Охрид – Росоман (за ученици од IX одделение)
Време на реализација: месец Мај.
Согласно Правилникот за изведување на ученички ексурзии и други вонучилишни активностии на учениците од основните училишта покрај критериумот најниска цена ,понудувачот треба да ги исполнува и следните критериуми:
-да е регистриран согласно позитивните прописи во РСМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
-да е регистриран најмалку 3 години пред изведувањето на ексурзијата, излетот или друга вонучилишна активност на учениците од основните училишта,;
-да има успешно реализирно сопствена аранжманска програма во РСМ,
-да ги исполнува условите за превоз на групи деца ,согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.
Критериум за избор на најповолна понуда е најниска цена.Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена за најповолна ќе биде избрана понудата која е прва донесена.
Тендерската документација да се подигне во просториите на секретарот на училиштето од 09:00 до 14:00 часот.
Ве молиме понудите во оригинален примерок кој треба да е потпишан и заверен од одговорното лице на понудувачот со потребните документи да ги доставите во затворен плик директно или на адреса на училиштето: со назнака НЕ ОТВАРАЈ во горниот лев агол, адресирано до Комисија за прибирање понуди за ексурзии и излети при ООУ,,Пере Тошев“- Росоман, ул. „Пере Тошев“ бр.2 Росоман.
Во рок од три дена од потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 5 % од вкупната вредност на договорот.
Огласот трае 5 работни дена сметајќи го и денот на објавувањето во дневен печат. (сабота и недела се сметаат за неработни денови).
Некомплетни и задоцнети понуди нема да се разгледуваат.
Телефон за дополнителни информации: 072/252-681

Комисија за прибирање на понуди
ООУ,,Пере Тошев“- Росоман
ул.„Пере Тошев“ бр. 2 Росоман

Comments are closed.