logo

043 44 18 33

Пере Тошев 2

Росоман, Македонија

06:00 - 16:00

Понеделник до Петок

logo

123 456 789

info@example.com

Goldsmith Hall

New York, NY 90210

07:30 - 19:00

Monday to Friday

Совет на родители

Родителите се многу важен фактор во животот и работата на училиштето и како такви во ООУ „Пере Тошев“ се вклучени во сите нивоа на одлучување преку Училишен одбор и Совет на родители.

Со посебно изготвена програма за работа се наведува како да се зајакнат капацитетите на дејствување на родителите; се детектираат состојбите во училиштето од типот на потребни дефекти и поправки на инвентарот и подобрување на условитеза работа; се нудат идејни планови за организација на активности во училиштето; се предвидува како родителите да учествуваат во донесување на одлуки и решенија во интерес на сите субјекти во училиштето и реализација на истите; се организирараспоред за средби со родителите и отворен ден за прием кои ќе бидат истакнати на огласната табла во училиштето. Програмата за соработка со родителите се содржи во делот со прилози.

– Во процесот на учење

Подобрувањето на вклученоста на родителите е ветувачка стратегија заподобри резултати на учениците и надминување на образовните слабости. Соимплементацијата на деветгодишното основно образование улогата на родителитестанува се поголема во насока на активен фактор во воспитно – образовниот процес. Воведувањето на електронскиот дневник е со цел да се зголеми информираноста и вклученоста на родителите во процесот на учење. Наставниците во ООУ „Пере Тошев“ ќе продолжат со истакнувањето на важноста родителите да го совладаат и да го користат системот за информирање на родители кој го нуди електронскиот дневник.

Преку Советот на родители, секој родител може да придонесе со сопствени сугестии за дополни и измени на секаков вид планирања и активности кои имаат едукативни цели и се важни за развојот на учениците. ООУ „Пере Тошев“ ќе продолжи да го информира Советот на родители за наставниот процес преку континуирана соработка, како и за работата и постигнувањата на учениците, наставниот кадар, стручната служба и директорот на училиштето.

– Во активностите во училиштето

ООУ „Пере Тошев“ е отворено за соработка и проширување на идеите со помош на родителската партиципација во сите активности.Претседателот на Советот на родители одржува средби со директорот на училиштето заради планирање иимплементирање на родителските активности кои треба да се во согласност соучилишните програми. Училиштето може да ја охрабри вклученоста на родители во:

  • развивање план за подобрување на партнерството со родителите;
  • дизајнирање прашалник за родители со што ќе се осознаат можностите и ставовите за нивно вклучување;

Родителите преку Совет на родители можат да дадат иницијативи за поуспешнареализација на слободните ученички активности и другите воннаставни активности, натпревари, екскурзии, приредби, промоции и други активности и да учествуваат во планирањето на други манифестации во кои училиштето и учениците ќе бидат вклучени.

Во оваа учебна година, исто како и минатата година, ќе продолжат  проектите „Заедничка грижа за правилен развој“, „Еко проект“, „Со читање до лидерство“, Проект за МИО во кои се предвидени континуирани заеднички активности помеѓу учениците, наставниците и родителите.

 

 

– Во донесување одлуки

Што се однесува на носењето одлуки, родителите се претставени на сите нивоа: преку Совет на родители, па се до Училишниот одбор, како орган на управување кој има 2 претставници од редот на родителите. Ова им дава можност на родителите да бидат вклучени и да влијаат врз многу аспекти вообразовниот процес. Одлуките на Училишниот одбор се носат со мнозинство гласови од сите присутни, а се однесуваат на голем број прашања почнувајќи од планирањето на воспитно – наставниот процес до донесување Статут на училиштето.

 

– Едукација на семејството

Соработката со родителите е една од најважните задачи на училиштето, како нераскинлив дел од триаголникот училиште – ученици – родители. Во ООУ „Пере Тошев“ и оваа година ќе се реализира програмата за советување на родители, за учениците кои се опфатени со правилникот за реализација на истата. За оние теми кои стручната служба и директорот на училиштето ќе увидат дека е потребен третман – ќе се реализираат со родителите на учениците кои се засегнати.

Во тој поглед, училиштето ќе организира едукативни, советодавно-консултативни работилници и предавања за родителите или ќе обработува некои од темите преку соопштенија, флаери или брошури.