Ученички натпревари се составен дел од воспитно-образовните активности кои имаат цел да се развива натпреварувачкиот дух, да се прошират и збогатат знаењата, да се развива и негува другарството , да се остварат контакти со учениците од други средини, но и да се промовира училиштето и општината. Тие играат значајна улога во развојот на личноста на ученикот, а имаат и значаен ефект врз карирата на наставникот како и на училиштето како институција.
Учениците од ООУ „Пере Тошев“ Росоман, под менторство на наставниот кадар учествуваат на :
-училишни натпревари;
-општински натпревари;
-регионални натпревари;
-државни натпревари;
-меѓународни ученички натпревари.
Училиштето во текот својата Годишна програма определува кои училишни натпревари ќе ги организира, во кој период од учебната година, како и кој ученик може да учествува во натпреварот.
Секоја учебна година се организираат училишни натпревари на знаења по предмети, како и технички и спортски натпревари. Најуспешните ученици од овие натпревари земаат учество на регионалните натпревари, а во зависност од постигнатите резултати учествуваат и на државните натпревари.
Учениците од училиштето преку ликовната, литературната, рецитаторската секција, хорот и оркестар учествуваат на општински и државни културно-уметнички натпревари и конкурси организирани по разни поводи во општината и регионот.
Со организирање и учество на учениците на овие натпревари се мотивираат да стекнуваат поголеми знаења, а се врши и афирмација на самото училиште преку истакнување на постигнатите резултати на локални медуими и социјалните мрежи.
Во ООУ „Пере Тошев“ – Росоман во текот на учебната 2016/17 год. ќе се организират и ќе се учествува на училишни, регионални и државни натпревари по следните наставни предмети: македонски јазик, математика, англиски јазик, географија, историја, физичко и здравствено образование, техничко образование, биологија, математика во одделенска настава, француски јазик, информатика. Начинот на организирање и изведување на натпреварите е прикажан во табелата:
Реден Број | Наставен Предмет и одговорен наставник | Училишен натпревар и
Ориентационо временски |
Општински натпревар и ориентационо временски | Државен натпревар и ориентационо временски |
1. | Македонски јазик :
Данча Давчева Мирјана Јошева Андриана Николова
|
IX одд
Првата недела на април 2017 |
Прва – втора недела во мај 2016 | |
2. | Математика:
Мануела Панарин Малинка Пеливанова Бетка Ристова |
Од VI до IX одд.
почетокот на март 2017 |
Првата седмица на месец април 2017 | |
3. | Англиски јазик:
Александра Касапинова Стрилка Кузманова Сања Панарин – Малинков |
Од VIII и IX
Март 2017 |
||
4. | Географија:
Слободан Печевски |
Од V – IX | Првата половина на април 2017 | Крај на април 2017 или почеток на мај 2017 |
5. | Историја:
Трајко Душковски |
Од VI – IX | Прва половина на мај 2017 | |
6. | Физичко и здравствено образование:
Трајче Орешков Драган Андриќ |
Футсал- машки
Футсал – женски
Мај 2017 |
Футсал – машки и женски во СОУ,,Добри Даскалов“ X 2016
Фудбал – машки и женски на градски стадион Тиквеш IV 2017г Кошарка – машки и женски во СОУ- Ѓорче Петров XII 2016 г. IV 2017г. Ракомет – м.ж.Спортска сала Јасмин- Кавадарци – III 2017 Истите дисциплини учествуваат регионални натпревари но во градови во зона – запад |
Пинх-понг –м.ж
Ноември 2017 Спортска сала Карате м.и ж. Декември – спортска сала Сите спортови машки и женски Мај месец 2017 – ДСИ – град во Р.Македонија – Државни спортски Игри
|
7. | Техничко образование:
Ристенка Ѓорѓиева |
Меѓу училишен натпревар со ученици од двете од Росоман и Сирково
Март 2017 |
олимпијада – мај 2017
квиз натпревар – декември 2016 |
Олимпијада мај 2017 |
8. | Музичко образование
(хор и оркестар): Јасмина Симоновиќ |
Од VI,VII,VIII, IX
Февруари 2017 |
Ако се освои прво место | |
9. | Информатика:
Анита Колева |
Со ученици од VII ,VIII, IX
Фебруари 2017 |
||
10. | Биологија:
Атанас Ѓорѓиев |
Со ученици од VII ,VIII, IX | Април 2017 | |
11. | Наставници од одделенска настава | Ученици од I до V одделение | Меѓународен натпревар по Кенгур | |
12. | Француски јазик:
Силвија Трајковска Тања Сами |
Ученици од VIII/,IX април | Олимпијада IX – Олимпијада Мај-месец |