Училиштето има Кодекс на однесување со кој се поставени принципите и правилата на однесување на сите структури во училиштето. Во неговата изработка учествувале претставници на сите структури, а при неговото усвојување е спроведена демократска процедура со учество на сите претставници на сите структури.
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ
„Однесувај се кон другите како што сакаш тие да се однесуваат кон тебе“
– Заедничка визија за напредокот на училиштето;
– Континуиран напредок – професионален развој;
- Колегијалност – ние сме заедно во ова;
- Соработка – учење на секој од секого;
- Поддршка – секогаш постои некој кој ќе помогне;
- Заемено почитување – секој има нешто да понуди;
- Отвореност – ние можеме да зборуваме за нашите разлики;
- Заемна доверба – покажете им на луѓето дека верувате на нивните способности. Тие ќе се обидат да ја оправдаат вашата доверба;
- Заеднички прослави и хумор – тие се музика на душата;
- Принципиелност:
- Почитување на времето на започнување и завршување на часот;
- Почитување на критериуми на самооценување и оценување на учениците;
- Безбедна работна средина во која се учи;
- Почитување на работното време;
- Редовно извршување на дежурството;
- Заедничка грижа за одржување на хигиената и естетското уредување на училишниот простор;
– Градиме клима на заемна доверба;
– Одговорно се однесуваме спрема обврските;
– Нашата сила не е во снагата, туку во умот;
– Се почитуваме меѓусебно, навредата силно нѐ боли;
– Додека јас зборувам сите ме слушаат;
– Кога викаме, никој не може да нѐ разбере;
– Не ми се обраќај со прекар, јас имам име;
– Пред да позајмиме нешто, бараме дозвола;
– Се грижиме за хигиената, отпадоците ги фрламе во корпите;
– Не газиме по тревните површини – тие се украс на нашето училиште;
– На облекувањето му посветуваме поголемо внимание;
– Мобилните телефони за време на часот ни се исклучени;
– Ги почитуваме принципите:
- Одговорност
- Истрајност
- Толерантност
- Солидарност
- Хуманост
- Самокритичност
- Чесност
- Точност
Од оваа учебна година етичкиот кодекс ќе биде надополнет со иновацијата – награда за најредовните ученици т.е. секој ученик кој нема да има ниту еден изостанок во текот на учебната година ќе добие симболична награда.
Училиштето е дел од Програмата за интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем и има изработено еко – програма, а како дел од истата има и свој еко – кодекс кој е истакнат на видно место во училиштето.